Категории

Хит модел за оваа пролет: Најженствените чевли на светот! (ФОТО)

Рамни или со потпетици, сеедно е – тие во секоја варијанта изгледаат феноменално

Најженствените чевли на светот – салонки со отворени пети – се дефинитивен хит оваа пролет!

Овој модел се очекува да биде најпродаван, па веќе ги преплави сите продавници за чевли, а ќе можете да ги најдете во најразлични бои.

Без разлика дали се работи за свечено излегување и да ви требаат со високи потпетици, или станува збор за одење на работа, или опуштено излегување на рамни обувки, салонките со отворени пети се дефинитивно полн погодок!

Најголем љубител на овој модел на обувки е Меган Маркл, која ги има во најразлични бои, со потпетици и рамни, а најчесто ги носи толму нив, без разлика за каква прилика станува збор.

Кој е вашиот омилен модел на чевли?

Прегледи:
555
Објавено на:
06.03.2020