Категории

Секое утро е нова бела страница – Не валкај ја со вчерашното мастило

Секое утро е шанса за нов почеток. Немој да го валкаш со старите сомнежи и стравови

Секое утро мириса на нов почеток, не валкај го со старите стравови и сомнежи.
Зошто го враќаш назад она што веќе поминало и ги отфрлаш можностите за новите искуства без да погледнеш што ти носат тие. Понекогаш најголемото нешто што можеш да го направиш е да го започнеш новиот ден со насмевка, затоа што колку малку и да знаеш за него, имаш надеж дека на крајот секогаш може да излезе нешто убаво.

Секое утро мириса на нов почеток, нова шанса. Започни веќе еднаш да го цениш тоа што ова утро си се разбудил и што имаш прилика да започниш нешто ново, да почувствуваш ново чувство, да откриеш нови пространства чии далечини веќе одамна те повикуваат крај себе. Немој да дозвилиш во твојот живот се да биде одредено од временските околности околу тебе. Важно е само она време кое го имаш во тебе, она чувство дека си подготвен да се соочиш со непознатото.

Немој во новото чисто утро да се навраќаш на нештата кои те прават да се чувствуваш лошо и изморено. Имаш нова бела страница која никогаш нема да се повтори. Не валкај ја со вчерашното мастило.

Прегледи:
653
Објавено на:
09.03.2020