Категории

(ФОТО) Кејт Мидлтон префинета во истиот стајлинг кој принцезата Дијана го носеше пред 37 години

Војвотката од Кембриџ присуствуваше на приемот во Даблин во розов фустан со принт со точки кој доста потсетуваше на оној кој го носеше нејзината свекрва во 1983 година

Веќе нема сомнение дека Кејт е кралица на префинетиот и елегантен стил. За време на дипломатската посета на Ирска по повод зацврстување на врските со премиерот по „Брекзит“, војвотката се истакна со стајлинг инспириран од принцезата Дијана.

Фустанот во розова боја со принт со точки е дело на модната куќа Oscar de la Renta, а го искомбинира со црни потпетици од модната куќа Jimmy Choo и малечка плик ташна.

Прегледи:
529
Објавено на:
09.03.2020