Таа е апсолутна кралица на сè
Таа нè освои со нејзиниот глас и кога почнавме да ја земаме “здраво за готово”, Селин Дион (51), направи нешто неверојатно: таа започна да нè освојува и со својата храброст …
Таа е смела да живее како што ќе посака. Да пее што сака. Да изгледа како што сака. Да носи што сака. Таа е смела затоа што не дозволува критиките да ја вознемират.
Пејачката се прошета по улиците на Њу Џeрси и беше невозможно да не се забележи. Облечена во светло розов комплет кој го сочинуваа капут, кошула, панталони над кои носеше здолниште! Со сето тоа, Селин носеше и розова чанта и ако можеа да се видат и чевлите под нејзините широки панталони, веројатно и тие се розови.
Облечена од глава до пети во креацијата на Питер Дуо, Селин изгледаше спектакуларно.