Покрај тоа што секоја жена во нив изгледа прекрасно, тие се и многу удобни
Овој крој е вистинска добитна комбинација. Во нив, секој вишок килограм е помалку видлив, а нозете изгледаат повитко.
На овој тренд не им одолеаа ниту славните дами, па во нив можевме да ги видиме кралицата Летиција, Ева Лонгорија и многу други кои шетаат во овој модел.
Причината зошто тие стојат толку добро е високиот струк. Во комбинација со високи потпетици изгледаат уште подобро, бидејќи така вашите нозе ќе изгледаат визуелно подолго.
Во исто време тие изгледаат елегантно, но и урбано, па можат да се комбинираат на многу различни варијанти. Нема да згрешите ако ги носите со патики и кожна јакна, но и ако одите на работа или за вечерно излегување.
Ова парче облека ќе го извлече најдоброто од вашата фигура и во кое вреди да се инвестира.
Покрај тоа што ќе изгледате прекрасно, ќе ви биде удобно, ова парче облека е вистинската добитна комбинација.