Категории

Најчести хигиенски грешки за кои не сте ни свесни дека ги правите

Многу луѓе понекогаш се зачудени кога ќе сфатат дека одредени правила поврзани со хигиената кои ги следеле долго време, не се точни или пак се погрешни за нивното здравје. Ви ги донесуваме најчестите грешки поврзани за личната хигиена кои морате да престаните да ги правите.

Премногу долго туширање или премногу често туширање
Можеби звучи чудно но премногу честото туширање е лошо како и кога некој воопшто не се тушира. Спрема тимот на стручњаци за заразни болести од универзитетот во Колумбија, честото туширање ја прави кожата сува и доаѓа до нејзино лупење и пукање а баш тие мали пукнатини доведуваат до полесно влегување на микробите, вирусите и бактериите во телото.

Стручњаците препорачуваат туширање еднаш дневно. Притоа советуваат:
-Немојте да се туширате со премногу врела вода
-Немојте да се туширате подолго од 10 минути
-Користете нежен сапун и шампон
-Обавезно користете хидратантна крема после туширањето

Не ги миете рацете пред одење во тоалет
Бактериите не се наоѓаат само во тоалетот и вц школката, тие се низ целата куќа. Тоа значи дека ако одите во тоалет, тие веќе се наоѓаат на вашите раце. Поради тоа кога се допирате на приватните делови, ги пренесувате бактериите од своите раце. Најдобро е рацете да ги миете и пред и после вршењето на потребата.

Пуштате вода во вц школката користејќи ги прстите
Тоалетот е веројатно нај валканото место во вашиот дом. Некои истражувања покажуваат дека микробите кои се наоѓаат на површината на вц школката, се наоѓаат и откако ќе пуштите вода доколку го правите тоа без да го спуштите капакот.
Користете ја надворешната страна од раката за пуштање вода.

Спиење со иста навлака за перница подолго време
Перниците се рај за микробите, особено ако зборуваме за оние од пердуви. Се препорачува често перење на навлаките за перниици, 1-2 пати неделно на 50 степени.

Миење на лицето со сапун
Голем број на луѓе мислат дека миењето на лицето со сапун е најдоброто нешто за кожата на лицето. Но во реалноста, сапунот ги затвара порите и предизвикува пукнатини на кожата, дерматолозите постојано опоменуваат да не користите сапун за миење на лицето ако тој не е наменет за него.

Прегледи:
472
Објавено на:
25.03.2020