Категории

Еве како да го сочувате психичкото здравје за време на овој тежок период: Совети на Светската здравствена организација!

Посветете се себеси, а не на вестите

Луѓето во сите делови на светот панично ги пратат вестите, за да останат во чекор со новостите што доаѓаат од час на час.

Во овие тешки времиња, тешко е да се биде настрана од она што се случува во светот и да не се паничи.

Експертите на Светската здравствена организација ги препорачуваат овие техники, кои ќе ви помогнат да го одржите разумот и покрај овие вознемирувачки настани. На крајот на краиштата, менталното здравје е исто толку важно како и физичкото здравје.

 

Не гледајте постојано вести

Не го поминувајте целото слободно време гледајќи вести и разни содржини што не влијаат позитивно на вас. Најдобро е да одредите време кога да ги прегледате сајтовите со најновите вести.

 

Внимателно избирајте ги изворите

Имајте на ум дека не е вистина сè што е на Интернет. Важно е да знаете дека во медиумскиот простор кружат големи количини на дезинформации. Најдобар извор на точни информации се веб-страниците на владата и Светската здравствена организација.

 

Правете паузи во користењето на социјалните мрежи

Блокирајте ги и откажете ги страниците кои ви поттикнуваат загриженост. Не читајте ништо под хаштагите и насловите поврзани со коронавирусот. Најдобро е привремено да се откажете од социјалните мрежи и гледање телевизија и да се посветите на некое хоби што има смирувачки ефект врз вас (цртање, читање, јога или медитација).

 

Мијте ги рацете, но не одете во крајности

Медиумите постојано ја пренесуваат истата препорака – темелно мијте ги рацете! Кај луѓето што страдаат од анкциозност, повторувањето на советот може да има лош ефект. Многу луѓе ионака се борат со зависноста од детергенти и средства за дезинфекција, така што таквата препорака може да го разгори опсесивниот страв од инфекција.

 

Разговарајте со луѓето

Ако веќе мора да седите во изолација, обидете се почесто да разговарате со пријателите и семејството по телефон или видео. Поддржувајте се едни со други и споделувајте мисли и искуства. Може да играте друштвени игри или да гледате филмови со вашето семејство или со оние со кои живеете.

 

Намалете го стресот и нервната напнатост

Идентификувајте ја анкциозноста која што ви ги заматува мислите, застанете и неколку пати длабоко вдишете и издишете. Целосно фокусирајте се на дишењето. Кога возбудата ќе помине, вратете се на она што го правевте предходно.

Прегледи:
746
Објавено на:
26.03.2020