Категории

Пијалок од 4 состојки што ќе го смири вашиот желудник и ќе го зајакне имунитетот

Нане и лимета се двете клучни состојки на овој пијалок, кој е богат со витамин Ц и делува на два начина: го смирува желудникот и штити од настинка…

Состојки:

  • 100 грама шеќер
  • 900 мл. вода
  • 130 грама листови од нане
  • 100 мл. исцеден сок од лимета

 

Подготовка:

Измешајте го шеќеротсо 100 мл. вода во тенџере и оставете водата да зоврие. Накратко потопете 50 грама од свежите листови нане во врелата вода. Оставете ја течноста да се излади, а потоа ставете ја во блендер на 30 секунди. Потоа во пијалокот додајте 800 мл. обична ладна вода и сокот од лимета. Послужете со уште 80 грама свежи листови од нане.

Прегледи:
545
Објавено на:
30.03.2020