Се навикнавме трендовите на боја на косата да се менуваат заедно со модните сезони носејќи новост и свежина во изгледот. Затоа на почетокот на пролетта ви ги издвојуваме трендовите кои ќе владеат во пролетната и летната сезона која следи. Новите „тренди“ бои се интересни и убави, па тешко е да се одлучите само на една. Затоа, ви ги прикажуваме најинтересните нијанси кои ќе бидат застапени во наредниот период, а секоја од нив може да ја добиете посетувајќи го студиото за убавина La Sensa.
Ова се петте најубави бои за коса кои ќе бидат хит во претстојната сезона.
#1: КОРАЛНА (LIVING CORAL)
Коралната боја е прва од боите кои се најдоа на оваа листа. Бојата на жив корал е на некој начин посмела верзија од пастелната розова која ја знаеме и сакаме. Коралната коса совршено се вклопува како секојдневна боја, мека е и одлично прилега, а сепак е моќна и привлекува внимание. Ги нагласува сите бои на очи и го омекнува тенот. Оваа нијанса на коса најдобро им прилега на оние со неутрален тен на кожа.
#2: КОСТЕНЛИВО СМЕЃА СО ЗЛАТНИ ПРАМЕНИ
View this post on Instagram
На веќе популарната класична костенлива смеѓа коса во наресната сезона ќе и се додадат и златните прамени. Овој тренд ќе биде одлично освежување за секоја бринета, а најдобро од сѐ е тоа што е лесна за одржување ако сте природна бринета. Професионалниот тим на La Sensa студиото за убавина ќе се погрижи да ја добиете токму оваа нијанса која ќе внесе свежина во вашиот изглед.
#3: СНЕЖНО ПЛАВА (SNOW-BUNNY BLONDE)
View this post on Instagram
Ова е кул верзија на класичната платинесто плава, која е многу светла со многу подтонови. На прв поглед делува како пастелно плава, но таа е понеутрална и побела од класичната пепелкасто плава. Девојките ќе бидат воодушевени бидејќи со оваа нијанса не пожолтува, а коренот е помалку видлив. Тимот на La Sensa ќе се погрижи да добиете многу светли прамени кои ќе ја добијат токму оваа посакувана нијанса.
#4: ЈАГОДА + МЕД ПЛАВА (STRAWBERRY HONEY)
View this post on Instagram
Замислете го совршениот баланс помеѓу медено плава и вибрантно бакарната боја. Со многу димензии и сјај, оваа нијанса е суптилен начин да кокетирате со црвената боја но без многу обврски. Доколку долго време имате злато плава боја, можеби е време да додадете тон во боја на јагода на вашата коса.
#5: МАСТИЛО ЦРНА (INK BLACK)
Мастило црната одлично се сложува со моментално популарниот тренд за коса – коса од стакло („glass hair trend“), бидејќи црната нијанса дава одличен сјај. Поради својата богата боја одлично прилега на тенот кој во следните месеци од годината кај сите нас ќе биде потемен, па фризерите од La Sensa препорачуваат доколку ја изберете оваа нијанса да ја комбинирате со бронзер за лице кој ќе ја врати топлината на кожата.
Искористете го овој период да експериментирате со бојата на вашата коса и внесете промена која ќе биде вистинско освежување за вашиот летен изглед. Бидете смели, негувани и закажете го вашиот термин во La Sensa студиото за убавина.