На youtube секојдневно излегуваат нови начини како да ја стилизирате косата без употреба на електрични алатки. Ви издвојуваме еден кој особено ќе ви се допадне
Отсекогаш сте сакале да имате виткана коса, но никогаш не сте имале волја или трпение за да ја постигнете посакуваната фризура?
Сега е веројатно најдобриот момент за тоа, кога сте веќе дома и имате слободно време на претек, вистински момент е да ја испробате оваа техника на виткање на косата со помош на коланот од вашата бањарка за капење.
Бразилската инфлуенсерка Марсела Тумас го сподели овој супер едноставен туторијал на виткање на косата кој можете да го направите веднаш откако ќе ја измиете и исушите косата,резултатот е фантастичен а ќе имате виткана коса која изгледа природно и убаво.
Следете ја постапката опишана во видеото: