Камерите кои што се поставени во Националниот парк Маврово за прв пат снимија три риса за половина минута.
„Имаме чест да бидеме сведоци на прво видео каде камерите „уловија“ три риса за 30 секунди. Најверојатно се работи за една женка и два мажјаци. Овие единки не се следат по методот на телеметрија т.е немаат GPS околувратник. Уживајте“, напишаа од НП Маврово на нивниот Фејсбук-профил.