Поучна приказна за сите верници
Џулијан Грин во својот дневник запишал една интересна случка:
„Некој човек кон кого имам особена наклонетост ми кажа дека неговиот син починал во сообраќајна несреќа.
Неколку минути пред сударот, синот зборувал со својата сестра за рајот. Таа го прашала какво е небото – рајот, а тој му одговорил: „Времето е секогаш убаво и ние сме заедно со Исус. Кога ќе умрам, Св. Петар ќе ме прими.“
„А што ако Св. Петар не биде таму?“
„Ах, тогаш тука ќе биде Св. Карло, мојот заштитник.“
Неколку минути подоцна, ја загубил свеста.“
Колку воодушевува оваа приказна за младото момче од 15 години кое умира во сообраќајна несреќа. Тој веќе однапред со своите мисли нурнал во задгробниот живот и се подготвувал за него. Во договор со Св. Петар и неговиот заштитник Св. Карло, полетал кон Таткото небесен.