Категории

#СедиДома и уживај во онлајн содржината на списанието „Лице в лице“

Поради вонредната состојба во која се наоѓаме, покрај секојдневните обврски и дружбите со пријателите, ни недостасуваат и оние насмеани лица кои ни приоѓаа продавајќи го списанието „Лице в лице“. Секогаш пријатни и расположени, овие продавачи кои припаѓаат на најзагрозените, маргинализирани групи на сограѓани, го продаваа списанието на улиците на Скопје, Неготино, Струга, Битола и Охрид.


Но, сепак и покрај новонастанатата ситуација, списанието „Лице в лице“ е достапно во онлајн верзија и може да го купите преку новата платформа: https://kupi.licevlice.mk/, а со тоа овозможувате поддршка за продавачите кои во моментов не можат да бидат на своите работни места.

Лице в лице“ е единствено улично списание во земјава. Дел е од платформата за активизам, во чии рамки се одвиваат низа активности за зајакнување на ранливите групи луѓе во нашето општество, за демаргинализација, за промовирање на добри, одржливи и корисни практики.

Токму затоа, сега имате можност да уживате во содржините на ова списание онлајн од вашите домови и во исто време подарувате поддршка за уличните продавачи, чиjа егзистенција зависи од продажбата на списанието.

Лице в лице“ го промовира моделот на социјално претприемништво во земјава, со тоа што преку продажбата на магазинот за продавачите се обезбедува редовен приход. Продавачите добиваат половина од цената на списанието (100 денари), со што се дава нивна директна поддршка.

Промовирајќи активизам, списанието „Лице в лице“ се фокусира на општествено одговорни теми како заштита на животната средина, демаргинализација на групи и поединци, унапредување на животот во градовите како и прашања поврзани со културниот развој.

Уживајте во содржините и бидете дел од од промовирањето хумани, корисни и добри навики. Читајте онлајн преку новата платформа: https://kupi.licevlice.mk/ и направете добро за себе и за другите!