Приказна која ќе ви ги стопли срцата и насолзи очите.
Пред многу години, додека работев како волонтер во болницата Стенфорд, запознав едно девојче по име Лиса кое боледуваше од една многу ретка болест.
Единствената можност за да оздрави беше само преку трансфузија на крв од нејзиниот петгодишен брат со чија помош во нејзиниот организам се создаваа антитела кои можеа да ја совладаат тешката болест.
Докторот на нејзиниот мал брат му објаснуваше каква е ситуацијата и го прашувале дали сака да даде крв за својата сестра.
Детето после само еден миг длабоко воздивна и рече:
„Да, подготвен сум ако тоа ќе ја спаси Лиса.“
Додека ја вршеа трансфузијата, лежеше во креветот покрај својата сестра и се смешкаше.
И останатите се смешкаа гледајќи како на девојчето му се враќаше бојата на образите.
Тогаш неговото лице пребледуваше и насмевката му исчезнуваше.
Го погледна докторот и со треперлив гласо го праша:
„А дали јас веднаш ќе почнам да умирам?“
Бидејќи детето беше премногу мало за да сфати како всушност функционира оваа терапија, мислеше дека на својата сестра му ја дава сета своја крв.
А јас тогаш научив што е храброст.