Тие ќе одговараат со секоја комбинација, нема да посакате да облечете ништо друго!
Сите со нетрпение ги очекуваме високите температури и лесните парчиња облека наменети за нив. Минимализмот ќе биде главен ова лето а помеѓу најпопуларните обувки ќе се истакнат сандалите со едноставни ремчиња.
Она што не освои уште на првиот поглед е тоа што изгледаат елегантно и совршено можат да се вклопат во секоја комбинација токму поради нивната едноставност.
Во продолжение ви споделуваме неколку модни изгледи од познатите модни блогерки кои веќе не можат да се одделат од нив.