Точно е дека за вкусовите не се дискутира и во модата е се дозволено, но некои парчиња едноставно не треба да се комбинираат заедно затоа што вистински изгледаат лошо
Стилот не само што дава самодоверба, туку и доведува до успех на личен и професионален план и преставува еден вид на лична карта на секоја индивидуа. Секоја сезона се појавуваат нови трендови а во модниот свет се почесто се бришат правила, па многумина мислат дека може да се комбинира се и сешто. Но сепак, постојат неколку неуспешни примери кои и колку да се обидуваме едноставно не изгледаат убаво на никого.
Две (или повеќе) кратки парчиња
Во се треба да постои рамнотежа – ова се однесува и на модниот имиџ. Не обидувајте се да ја истакнете фигурата исклучиво само со кратки нешта. Често изгледа вулгарно и невкусно.
Наместо тоа, изберете или горниот тел да биде опуштен и долг во комбинација со краток долен дел или долниот дел да биде широк и опуштен во комбинација со кратка маица или блуза.
Целосно широка модна комбинација
Трендот на широка облека е актуелен веќе неколку сезони, но не обидувајте се да претерувате со величините, можете да постигнете целосно спротивен ефект и да ја претставите вашата фигура на тотално непривлечен начин.
Кратка блуза и фармерки со низок струк
Оваа комбинација беше хит во ’90-тите и дефинитивно треба таму и да остане. Во овој случај е тешко да се нагласи фигурата а сето тоа да не изгледа непристојно.
Ташна и чевли во иста боја
Пред многу години трендсетерките воведоа правило дека ташната и чевлите треба да бидат во иста боја, но ова правило веќе одамна замина во историјата а модните дизајнери и стилисти советуваат да ја избегнувате оваа комбинација.
Облека до колена
Ако не сакате да изгледате старомодно, треба да ја избегнувате комбинацијата на чизми до колена во комбинација со здолниште во иста должина. Оваа комбинација ја скратува фигурата дури и на високите девојки.
Хулахопки и сандали
Самиот збор „сандали“ подразбира боси стапала, а употребата на хулахопки дефинитивно не е неопходна. Тие се летни чевли и треба да ги носите исклучително во летната сезона. Иако оваа комбинација често може да се забележи на модните писти, во реалниот живот изгледа комично.