Категории

Гордоста ги оддалечува луѓето многу повеќе од километрите 

Ѕидовите на гордоста се најстуденото и најмрачното место во кое човек може да се зароби себеси

Гордоста е најголемата препрека која е најтешко да се отстрани и премини. Луѓето некогаш преминуваат преку највисоките планини и најдлабоките провалии, најзапуштените предели и пустини, но да преминат преку гордоста им е најтешко. Некои зборови, неискажани чувства и мисли понекогаш се многу повисоки и подлабоки од сите тие планини и бездни.

Гордоста е најголемиот човеков непријател кој толку успешно и пркоси на среќата и љубовта, толку силно манипулира со човековите мисли што неретко успева да го доведе и до дното.
Но таа пред се е знак на непочитување спрема себеси и вљубеност во сопственото его. Секој оној кој дозволува таа да победи во секоја битка со другите, дозволува да биде контролиран од неа, да биде доведен до точка да стане едно слабо и ситно битие кое не успева да се избори за сопствената среќа.

Потребно е да и се покаже на гордоста колку е всушност посилно простувањето и барањето прошка од неа, колку е помоќна врската помеѓу срцата и душите отколку нејзините студени и мрачни ѕидови. Толку малку е потребно за таа да биде засекогаш победена, само еден мал чекор кој значи многу.

Прегледи:
447
Објавено на:
28.04.2020