Категории

Избриши ги солзите – Бродот во кој плови твојот живот е во рацете на Бог

Колку луѓе, не го разбираат каменувањето пред бродот на нивниот живот..

Едно дете си играло во близина на брегот со мало бродче кое му го купил неговиот татко.
Лесен ветер почнал да го влече бродчето спрема длабочината на морето.
Малото дете, гледајќи како исчезнува неговата убава играчка, почнало да плаче.
Таткото кој бил во близина, притрчал да му помогне на детето. Што можел да направи? Почнал да го гаѓа бродчето со камења.
Малото дете во тој миг почнало да плаче уште посилно и да се расправа со својот татко.
„Немој, ќе го потопиш!“ – извикало.
Меѓутоа, таткото знаел што прави. Ги фрлал камењата пред бродчето, со цел брановите да го донесат до брегот. После поприлично голем број фрлени камења, бродчето се вратило.
Малото дете тогаш сфатило што направил татко му.

„Колку луѓе, не го разбираат каменувањето пред бродот на нивниот живот. Тоа каменување претставува нашето страдања, искушение, болест и смрт. И што се случува? Почнува жалењето, плачот на детето. Кога би знаеле од почеток каков би бил резултатот, не би плачеле и не би се жалеле. Затоа да спознаеме однапред  дека оа каменување е испратено со љубов од Бога – а не да плачеме. “

Прегледи:
583
Објавено на:
07.05.2020