Тоа што не сте се откажале зборува дека сте постигнале голем успех иако сеуште не сте ја оствариле целта.
Тоа што сте одлучиле да продолжите понатаму и покрај сите потешкотии и препреки е вистински важно, и зборува многу повеќе за вас и вашата личност отколку кој било триумф кој ќе го постигнете.
Зборува за вашата одлучност, цврстина, решителност и храброст. Зборува за вас како човек кој не застанува пред првата затворена врата, човек кој не се предава се додека не биде среќен со она што го зацртал.
Тоа зборува дека проблемите пред вас немаат никакво значење, дека вие сте многу поголеми од нив. Тоа зборува дека доволна е само вашата присутност која може да биде клуч за секое ограничување.
Тоа зборува дека никогаш не се задоволувате со ништо помалку од она за кое сметате дека сте вредни и ви припаѓа вам. Зборува за личност која е несопирлива и не се грижи за тоа колкава цена треба да плати и колку труд треба да вложи, она што ја интересира е само победата.
Зборува за тоа колку го цените својот живот и колку сте свесни за вашиот потенцијал. Колку не си дозволувате да станете предмет на сомнеж кај другите.
Оној кој не се откажува и колку порази да претрпел, е вистинскиот победник кој остварил многу повеќе од било кој друг кој стигнал до целта.