Категории

Одри Хепберн: Инспирација од безвременската модна икона – Кои биле нејзините омилени чевли?

Познатата актерка обожавала да носи балетанки. Тие се сметаат за нејзин заштитен знак.

Секоја пролет доаѓа времето на најудобните и најженствени обувки – балетанките.
Иако се менуваат од сезона во сезона, тие никогаш не исчезнуваат од модниот радар.

Одри Хепберн била нивен најголем обожавател. Ако денешните трендсетерки наместо балетанки бираат патики, сандали или влечки, легендарната актерка никогаш не го променила својот избор.

Балетанките биле клучно парче во гардеробата, како бисерите и деликатните фустани со акцент на струкот, кои исто така биле дел од нејзиниот препознатлив стајлинг. Во интервјуата Одри секогаш зборувала дека сака да носи се што е удобно.

Во своите улоги на филмското платно, актерката често се појавувала во екстравагантни стајлинзи и високи потпетици, но во секојдневниот живот таа избирала обични панталони, маици и кошули кои денес се сметаат за модна класика.

Еден од најомилените модели на балетанки на Одри Хепберн биле Salvatore Ferragamo балетанките од антилоп кои дизајнерот ги креирал специјално за неа во 1954 година.

Ако во вашата секојдневна гардероба сеуште немате балетанки – овие фотографии дефинитивно ќе ве инспирираат да си набавите пар.

Прегледи:
532
Објавено на:
10.05.2020