За нега на косата на здрав начин кој обезбедува прекрасен изглед како од фризерски салон
Од постојаната употреба на производи за обликување, изложувањето на сончева светлина и влијанието на загаденоста, косата станува кршлива и се појавувааат испукани врвови.
Сувите прамени укажуваат на тоа дека на косата и недостига исхрана и хидратација.
Лесно можете да си обезбедите соодветна нега на косата со помош на импровизирани препарати кои секогаш можат да се пронајдат во кујната.
Користете ги овие природни и пристапни козметички производи кои ќе ви дадат ефект како да сте ја негувале вашата коса во фризерски салон.
КЕФИР
Кефирот е корисен не само за орална примена, туку и како сретство за нега на косата. Содржи мноштво од корисни материи, вклучувајќи витамин Е, калциум и витамини од групата Б. Овој кисело-млечен производ ја чисти косата, што е особено важно за оние кои патат од првут и себореа, како и за оние кои имаат масна коса.
Покрај тоа, кефирот ги потхранува и третира испуканите врвови, спречува опаѓање на косата и ги негува фоликулите на косата.
Нанесете кефир по должината на вашата коса и завиткајте ја со целофан и пешкир, оставете да делува 1 час. Меѓутоа, кефирот не се препорачува за фарбана коса затоа што го измива пигментот.
МЕД
Хранливата маска од мед многумина ја сакаат. Совршено ја навлажнува косата и ја прави сјајна и мека. Покрај тоа, медот помага при осип и иритација на скалпот. Предноста на оваа состојка е во тоа што не треба да ја мешате со други компоненти, ефикасно делува и сама. Медот треба да се нанесува на влажна коса, втривајќи го во коренот.
За да добиете уште подобар резултат, морате да создадете топлотен ефект така што ќе ја завиткате главата со фолија и пешкир. Бидете внимателни и прво проверете дали сте алергични на медот – нанесете неколку капки на мал дел од кожата и следете ја реакцијата.
Ако после нанесувањето мед постои пецкање и кожата се вцрвени, брзо измијте ја маската.
МАСЛИНОВО МАСЛО
Маслиновото масло е лидер во незаситените масни киселини. Содржи многу корисни компоненти како калциум, железо, фосфор, витамини А,Е и К.
Ја обновува косата, ја обвива со заштитен филм кој ја штити косата од штетните надворешни влијанија вклучувајќи ги УВ зраците и ефектите од алатите за стилизирање како фен и пегла.
Идеално е за оние кои имаат сува и кршлива коса, но не се препорачува за оние кои имаат коса склона кон мастење.
Пред нанесување загрејте го маслото во микробранова печка на 30 секунди и нанесете го на косата и коренот масирајќи го скалпот.