Категории

Верувајте во идеалните мигови – Сè се случува во вистинско време!

Морган Фриман еднаш рекол: „Да имав толкав успех порано, веројатно многу лесно би изгорел во тој успех.“

Се во животот навистина има свое време. Веројатно целиот проблем во тоа е што ние не можеме да прифатиме и да бидеме доволно трпеливи времето во вашиот ум да се прилагоди на времето во реалноста. Кога човек би водел повеќе грижа за процесите кои бараат свое време, веројатно не би се откажал толку брзо од своите сонипта затоа што би сфатил колку од препреките имаат длабоки причини.

Колку од нас би сакале да ги завршат студиите набрзина, да имаат добро воспитани деца, успех на работното место, квалитетни односи со другите, но реалноста е полна со конфликти, порази, промаршувања, кои често не оставаат без здив и немоќ да продолжиме напред. Обидувајќи се да дадеме се од себе и да успееме сфаќаме дека не е се само во нашиот друг. Животот не може да се забрза. Постоењето на човекот не може да се забрза, тоа стануваш тогаш кога си подготвен на сите предизвици.

Животот го сочинуваат закони и правила, вредности и уверувања, и тоа е промената која бара од нашето битие да изумри онаа стара верзија и да се замени со нова. Не можете да станете нови луѓе доколку со сите ланци сте поврзани за вашите стари поранешни уверувања и ставови и се плашите од промените. Вашите соништа ќе заживеат тогаш кога ќе престанете да ги брзате нештата, кога ќе го прифатите планот на животот сфаќајќи дека тој сеуште ве учи на лекции за кои веројатно сеуште не сте ни подготвени.

Прегледи:
468
Објавено на:
11.05.2020