Категории

Не е важно колку имаш, важно е во што уживаш!

Не мораш да имаш бескрајно богатство, доволно е покрај себе да го имаш она кое прави да се чувствуваш бесценет.

Иако можеби животот не е праведен во распоредувањето на своите добра, праведен е во слободните одлуки во кои секој од нас може да избере со каков став ќе му пристапи во она кое тој му го дава.
Во животот не е важн колку имаш, важно е во што уживаш, што ти донесува задоволство и те исполнува со радост и мир затоа што знаеш дека никој и ништо не може да те спречи во тоа да ги чувствуваш тие нешта.

Кога ќе сфатиш дека не е важно колку имаш, кога го имаш само тоа во кое уживаш знај дека си среќен и не ти е потребно ништо повеќе, затоа што постојат луѓе кои ги поседуваат сите нешта на светот, и ги исполниле сите свои соништа и веќе не чувствуваат радост и исполнување.

Немој да очекуваш се да стане совршено за да ја сфатиш вредноста на животот. Тој самиот по себе не е совршен и таков треба и да биде. Доволно е да се опкружиш себеси со нешта кои те мотивираат и ја инспирираат твојата ведрина, нешта кои прават да растиш и да се надоградуваш, не мораш да имаш бескрајно богатство, доволно е покрај себе да го имаш она кое прави да се чувствуваш бесценет.