Категории

Кога сето ова ќе помине – Ќе бидеме ли подобри луѓе?

Овој вирус нѐ учи на многу нешта, секој ден не доведува пред ново искушение и ни поставува многу прашања.

Прашања за нас, за нашите односи, приоритети, стравови, сомнежи, за животот во целост. Овој вирус не учи колку малку место ни е потребно на оваа планета. И малку нешта. Малку случувања. Малку луѓе за да бидеме среќни. Сето она кое претходно го знаевме но не го признававме поради сопствената алчност и уверување дека сме нешто бескрајно големо, нескршливо, недопирливо. Сега го знаеме своето вистинско место!

Оние кои преживеале олуја знаат дека најголемиот проблем не е во тоа што доживеале, нити во раните кои таа олуја им ги нанела, нити во тоа што многу луѓе кои се прикажувале како пријатели а потоа исчезнале, нити во последиците кои ги оставила олујата, најголемиот проблем е во искушението да се откажат од се, да прифатат помалку од она кое го заслужуваат и да се помират со реалноста тврдејќи дека ништо не може да се промени.

Еден ден кога сето ова зло ќе помине, ќе научиме да гледаме подалеку од она што ни е сервирано пред очите, ќе научиме да бидеме браќа а помалце соперници, ќе научиме дека не можеме да другите да им копаме јама без самите да паднеме во неа. Луѓето кои повеќе пати паднале го знаат вистинскиот одговор, а тоа е дека не е доволно само да се подигните, потребно ви е да имате цел, визија, перспектива, да се инаетите и да си дадете ветување на себеси.

Зошто луѓето да бидат љубезни и сочувствителни само тогаш кога мислат дека на некој од нив му доаѓа крајот, зарем не би требало тие универзални вредности да се практикуваат од почетокот на животот, секогаш и во секоја ситуација, не чекајќи нечиј крај? Еден ден кога сето ова зло ќе помине ќе бидеме попаметни за многу нешта, поискусни и повнимателни, но најважно е прашањето дали ќе бидеме повеќе луѓе, дали ќе научиме нешто од оваа животна лекција?

Прегледи:
487
Објавено на:
14.05.2020