Категории

Дали се трудиш да го добиеш она што го заслужуваш, или само она кое ти се нуди?

Колку мислиш дека заслужуваш во животот – Тоа е главното прашање кое ќе го одреди твојот живот

Тоа е прашањето кое ќе одреди што ќе добиеш од животот. Ќе ги одреди твоите односи со другите, сите твои достигнувања, како и степенот на задоволство со она што го имаш. Честопати тоа прашање го разгледуваме само од материјална компонента, мислејќи само на парите.

Меѓутоа, парите и материјалната состојба се само еден мал дел од сложувалката која се нарекува живот. Оној многу поголемиот дел го сочинуваат сите предизвици со кои се соочуваш секојдневно и како се носиш со нив и со сите промени. Дали дозволуваш да те обесхрабрат, да те скршат, или те поттикнуваат да продолжиш напред.

Колку мислиш дека заслужуваш во животот? Мислиш ли дека вреди да се бориш за соништата кои еднаш ти поминале низ главата а веќе следниот миг сметаш дека тоа сепак не е за тебе туку за некои други луѓе.
Но она што треба да го знаеш е тоа што луѓето на кои им се восхитуваш и кои ги постигнале сите тие воодушевувачки успеси не биле нити посилни, нити попаметни, нити поподготвените, нити поспособни за тоа. Постои само една разлика – верувале дека ги заслужуваат тие соништа и тргнале во нивно истварување. Тоа е нивната приказна.

Ако мислиш дека заслужуваш почит, затоа што самиот си го пружиш на себеси, сигурно нема да толерираш понижување, дволичност, лажни пријателства, глума. Ќе ги научиш другите како да те третираат со начинот на кој ти се третираш самиот себеси.

Одговорот на прашањето околу тоа колку заслужуваш во животот ќе го добиеш тогаш кога секое утро ќе го започнуваш со прашањето што ќе правиш тој ден, кои приоритети ќе ги поставиш и што сакаш да добиеш од секој ден.

Па, дали си спремен да го добиеш она што го заслужуваш, или само она кое ти се нуди?

Прегледи:
420
Објавено на:
17.05.2020