Категории

(ФОТО) Романтични и женствени – Како трендсетерките носат фустани со карнери

Омилениот тренд за оваа сезона на кој не можеме да му одолееме

Фустаните со карнери се најромантичниот тренд за летната сезона.
Лесните ткаенини, лелеавите материјали и силуети и котните детали даваат чувство на слобода и леснотија. Еднаш кога ќе облечете фустан со разиграни карнери веднаш ќе се почувствувате како главен лик од романот „Однесено од виорот“.

Трендсетерките романтичните фустани со шармантни карнери ги комбинираат со елегантни сандали, чевли, чизми и патики. Најпопуларни се еднобојните модели на фустани од прозирна свила, мини фустаните со струкирани детали, волуменозните кошули и фустаните со цветен принт.

Ви споделуваме дел од најубавите стајлинзи собрани од улиците на светските модни метрополи.

Прегледи:
794
Објавено на:
17.05.2020