Супер рецепт како да ги направите омилените кекси со чоколадни парчиња.
Chocolate chip cookies, односно, кекси со чоколадни парчиња, се еден од најпознатите американски слатки. Прва ги подготвила Рут Грејвс Вејкфилд во 1938, сопственичка на популарното одмораличте за туристи Massachusetts Toll House Inna, во чиј ресторан настанале овие кекси. Во понудата имале кекси со карамела и јаткасти плодови кои биле служени со сладолед со додека еден ден Рут не вметнала Нестле чоколада и креирала Toll House чоколаден кекс.
Рецептот истата година се нашол во готвачката книга која Рут ја објавила и набрзо станал популарен ширум Америка. Една година подоцна правата на рецептот Toll House го откупил брендот Nestle кој денес произведува кекси по оригиналниот рецепт.
Кексите со чоколадни парчиња кои се топат во уста денес можат да се најдат насекаде, во слаткарниците и продавниците ширум светот, а на интернет ќе пронајдете илјадници рецепти и нивни варијации.
Денес ви донесуваме рецепт од познатата американска куварка Џоан Гаинс, чија книга за готвење Magnolia Table е бестселер во Њујорк Тајмс и голем хит ширум светот.
Потребни состојки: (за околу 40 колачиња)
- 2 и пол шолји бело брашно
- 1 чајна лажица сода бикарбона
- ½ чајна лажица сол
- 8 лажици путер (собна температура)
- 2 шолји кафеав шеќер
- 2 големи јајца
- 1 и пол чајна лажица екстракт од ванила
- 1 и пол лажица парчиња чоколада
Постапка:
Рерната загрејте ја на 180 степени. Во чинија со средна величина измешајте брашно, сода бикарбона и сол и ставете го на страна.
Во друга чинија со миксер измиксајте го путерот и шеќерот на средна брзина се додека смесата не стане „лесна“. Додадете ги јајцата па миксирајте се додека не се соединат. Потоа додадете и 1 и пол лажица екстракт од ванила и повторно миксирајте.
Изгаснете го миксерот и додадете ја смесата од другиот сад со брашното, сода бикарбона и сол. Миксирајте на средна брзина додека состојките не се соедината, а потоа зголемете ја брзината. На крајот додадете ги парчињата чоколада и миксирајте со голема брзина на 5 секунди.
Плехот за печење обложете го со хартија за печење. Со голема лажица вадете од тестото и обликувајте кекси (но немојте да ги сплескувате). Печете ги кексите се додека не заруменат на врвовите, околу 10-11 минути.
Откако ќе ги извадите од рерна, оставете ги потполно да се изладат пред да ги јадете. Во метална кутија кексите можат да стојат и до 3 дена.