Не можеме без фармерките – Тие се безвременско модно парче кое одговара со се, секаде и во секоја прилика.
Дали бирате удобност или естетика? На многумина најважно им е фармерките да им стојат одлично, поради што ги кршат основните правила при купување.
1.Слепо следење на трендовите
Кога се работи за фармерките, треба да се потпирате на класиката. Експериментирањето со нешто сосема поинакво може да биде и добра промена, но моделите кои силно се издвојуваат, со реси, големи дупки, извезени цветови, зашиени бисери најчесто се носиви една сезона, во најдобар случај до две. Држете се до класичните модели кои и ласкаат на фигурата и во кои ќе се чувствувате одлично.
2.Неподготвеност за нови стилови
Не, ова не е спротивно на она што претходно го кажавме, дека не треба премногу да се експериментира. Дури и ако не наседнувате на секој тренд, има нови модели за кои вреди да обрнете внимание. Можеби ќе се изненадите колку добро ви стојат ‘mom jeans’ или пак „вреќести“ фармерки.
3.Удобност на последно место
Не е најважно фармерките само да изгледаат добро на вам додека стоите. Обидете се да седнете во нив во кабината за пресоблекување, пробајте да клекнете. Важно е да ви биде удобно во нив во секоја поза.Ако отисокот од копчето ви се врежи во кожата на стомакот после две минути, тогаш тоа не се фармерки во кои треба да инвестирате.