Категории

Детски бисери кои ќе ви го развеселат денот

Што е сонце? Јас сум сонце на баба. Веројатно јас сум сонце затоа што и мама така ме вика.

Што е карактер?
Тоа е спорт. Мојот брат е карактериста. Тоа го имам видено во зоолошка градина. Има рогови, но нема опашка.

Што е детство?
ТОа е мојот живот кога бев мал.
Тоа го добиваме кога ќе се родиме, па после поминува.
Детството е кога гледаш слики во жолта боја.

Што е пубертет?
Тоа е неизлечлива болест. И доба кога мустаќите ти растат преку ноќ.
Пубертетот е живот составен од глупости.
Тоа е кога престануваш да бидеш девојче и слободно можеш да се шминкаш.
Кога сум со дедо постојано зборуваме за девојките од тој пубертет.

Како се прави бебе?
Тоа се прави од бабиците во болница.
Срам ми е да кажам затоа што тоа е безобразна работа.
Се прават на ноќе и затоа мижат кога ќе се родат.
Тоа е една глупава работа за која се добива детска плата.
Бебињата се прават од штркови или од зелка. Кој како сака.
Бебето се прави кога си добар па ќе ти се роди братче, а тогаш тој е главен и ти си добар за џабе.

Што е сонце?
Кој гледа во сонцето а не мижи, има да му се разболи учителката.
Најубаво е сонцето на море. Тоа таму стои и кога ќе стигнеме не прашува колку имаме пари.
Јас сум сонце на баба. Веројатно јас сум сонце затоа што и мама така ме вика.

Прегледи:
696
Објавено на:
04.06.2020