Категории

Што означува кармичката љубов – Дали е добра или лоша?

Сигурно досега сте се сретнале со изразите како што се карма и кармичка љубов. Откријте дали баш вие сте во таква љубов со некого.

Дали сте се запрашале што всушност значи – дали е добро или лошо? За неа зборуваат, освен астролозите, многу научници и психолози, а темата е и понатаму недоволно истражена. Ние овој пат се одлучивме да ви ги објаснеме основните поими поврзани за кармата и да ви помогнеме да препознаете дали вашата љубов е всушност таква.

КАРМА
Овој израз е превземен од истокот и претставува Пат кој душата мора да го помине за во оваа инкарнација да научи или направи нешто кое не го направила во претходниот живот.

Таа е поврзана со идеата на повторно раѓање, а секое наше дело е запишано во невидлива книга која самите ја запишуваме. Кармата претставува неизбежно созревање на секој наш чин, секое делување кои предизвикува одредени причини и последици.

Се сеќавате ли на Њутновниот закон кој вели дека секоја акција има своја реакција. Епа суштината на законот на Кармата е тоа дека секое битие носи последици од своите дела.

Според мислењето на астролозите, судбинската врска е над психичкото и физичкото ниво, се карактеризира со интензивна поврзаност помеѓу двајца луѓе и кога започнува, трае цел живот.

Некои астролози сметаат дека ваквата врска постои за да се раѓаат деца, без оглед на тоа како самата љубов ќе заврши. На судбината не може да се влијае.

Можеме да кажеме дека е судбинска љубов онаа за која сонуваме уште од деца – тоа е она магично и убаво кое трае засекогаш, како во бајките.

Ваквата љубов не мора да биде и кармичка, затоа што во текот на траењето на судбинската, ние можеме да направиме кармички долг а тој да го отплатуваме подоцна.

Според ова сфаќање, кармичката љубов ја остваруваме најчесто со личностите од минатото: се продолжува незавршениот однос на двајца луѓе од поранешнито живот.

Ако е во прашање судбинска љубов, се верува дека мажот и жената се препознаваат инстинктивно и тоа најчесто кога ќе се погледнат во очи. Затоа се вели и дека очите се огледало на душата. Ваквите парови, кога ќе се спојат, стануваат едно засекогаш.

Се верува дека во текот на животот човек доживува неколку љубови: некои од нив можат да бидат кармички, а некои судбински.

КАКВИ СЕ КАРМИЧКИТЕ ВРСКИ?
На самиот почеток секогаш постои претчувство дека љубовта ќе се случи, а при средвата се доживува ‘дежа ву’. Можно е дури и при првата средба да се јави некоја необјаснива нетрпеливост, затоа што потсвесно ја препознаваме таа личност од минатото, спрема која можеби сме биле лоши или таа е онаа која била таква спрема нас од некоја причина и тоа е тој „долг“ за кого се полемизира.

Оваа врска се одликува со огромна физичка привлечност и страст, но и големо страдање. Чувствата се интензивни и пренагласени, често не можат да се контролираат. Ваквите врски се секогаш тешки и носат проблеми; иако партнерите се силно поврзани, конфликтите и судирите се неизбежни, а исто така нити околностите не одат од рака.

Се верува дека големите страствени љубови се дел од кармичката задача. Треба да знаете дека не мораат и двата партнери истовремено да ја исполнуваат оваа задача. Секој од нив учи своја лекција за љубовта, бракот и ставен е на искушенија кои на крајот ќе му помогнат на неговата душа да го пронајде патот кон среќата.

Кармички души се оние кои барем еднаш се сретнале во некој претходен живот и се разделиле несреќно. Повторно се среќаваат за да го решат сето тоа и да ја поправат непријателската карма, затоа што само така можат да продолжат понатаму.

Намерата на кармичките сродни души е да ги решат проблемите од минатото, а не да бидат засекогаш заедно. Кога ќе ја срушат лошата карма, конечно стануваат слободни.