За подготовка на сладолед од јагоди по рецепт на најпознатиот кувар Џејми Оливер потребни ви се само 3 лесно достапни состојки.
Јагодите се овошје кое потсетува на љубов, први бакнежи, нежност и пролет. На многумина јагодите им се омилено овошје, а специфична арома им даваат на сите десерти.
Сладоледот од јагоди сепак е нешто посебно, особено кога ќе го направите сами.
За подготовка на сладолед од јагоди по рецепт на најпознатиот кувар Џејми Оливер потребни ви се само 3 лесно достапни состојки.
Состојки:
-500 гр. замрзнати јагоди
-250мл. јогурт со низок процент на маст
-1 лажица мед
Подготовка:
Добро замрзнатите јагоди, медот и јогуртот ставете ги во блендер и матете се додека не добиете еднолична смеса.
Добиениот сладолед ставете го во сад. Можете претходно во него да ставите мелен кекс или да го прелиете со чоколадо. Потоа додадете ја смесата сладолед и украсете со ливчиња мента.