Категории

Никогаш не заборавајте да бидете нежни кон себе

Престанете да се казнувате себеси поради своите грешки. Бидете си поддршка на себеси. Во најмрачните мигови она што е најважно е да си бидете на себеси светлина, трпение и сила. 

Престанете да се казнувате себеси поради своите грешки. Бидете си поддршка на себеси. Во најмрачните мигови она што е најважно е да си бидете на себеси светлина, трпение и сила. Вие сами чекорите по патот на својот живот, дури и кога имате многумина покрај себе и ја имате сета љубов и верба од другите, знајте дека најважно е и самите да си го дадете истото на себеси.

Престанете со сомнежите еднаш засекогаш. Со споредувањата, осудите и навредите спрема самите себеси, бидете нежни спрема себеси, секој ден. Простете си за минатото и сето она кое направило да не сакате да се погледнете во огледало, само така ќе пронајдете мир и ќе можете да почнете од почеток.

Животот многупати ќе ве стави на тест, но најважно е да бидете искрени со себе и да ги следите своите чувства. Кого залажувате? Вие најдобро знаете што се крие длабоко во вас, вие најдобро ја познавате својата внатрешност, немојте да бегате од неа, немојте да бегате од себе. Соочете се еднаш со сиот свој мрак и прифатете го и колку да посакувате да го нема. Прифатете се и склучете мир со себеси, само така ќе можете да продолжите напред и да станете личноста со која ќе се гордеете!

Прегледи:
522
Објавено на:
14.06.2020