Категории

Маска за лице од „црвено злато“ која ќе ја препороди вашата кожа

Вакво нешто сигурно не сте пробале досега, но знајте дека кога еднаш ќе го пробате – ќе бидете воодушевни.

Малините веќе со векови се берат, се преработуваат во џемови, сокови и слатки а неодамна е откриено и нивното вчудоневидувачко својство врз кожата кога се користат во вид на маска.

За козметички цели, малината прави вистински чуда. Таа е полна со овошни киселини, витамини и минерали. Ефектот кој ќе ви го даде на вашата кожа е одличен, затоа таа се нарекува уште и „црвено злато“.
Малината е богата со витамин Ц, витамин Б и витамин Е кои се клучни компоненти во бројни козметички производи и придонесуваат за еластичноста на кожата.

Еве како да ја подготвите домашна маска од малини:

Изгмечете 6-8 свежи малини се додека не добиете густа паста и додадете 1 лажица мед. Добро измешајте ја смесата и нанесете ја на чисто лице. Оставете да одстои 20 минути, исплакнете со млака вода.
Резултатот кој ќе го добиете е освежена, блескава и здрава кожа.

Прегледи:
763
Објавено на:
19.06.2020