Категории

Одлики на господинот „Совршен“ – Мажи вака се освојува една жена

Да се освои женското срце не е воопшто лесно, но со помош на овие совети тешко која жена ќе може да ви одолее.


Многу мажи се несигурни кога е во прашање освојувањето на жената која ја посакуваат и често се плашат од одбивање. Меѓутоа, за одредена дама да падне на вас потребно е да следите само неколку чекори и да се придржувате до нив.

Бидете јасни во своите намери
Ако постои едно нешто кое ја нервира секоја жена тоа е кога гледа дека мажот ја посматра но не сака да го направи првиот чекор. Немојте да бидите таков тип на маж. Жените сакаат самоуверени мажи кои јасно ќе им дадат до знаење дека ги сакаат и дека ќе направат се што е во нивна моќ за да успеат да ги освојат. Секако, не мора секогаш мажот да го направи првиот чекор, но секако тоа е одличен почеток.

Внимателно слушајте што зборува
Сигурно знаете дека секоја жена се жали дека мажите го слушаат само она кое сакаат да го чујат – и тоа им оди на нерви. Ако сакате да го освоите женското срце без нималку мака, тогаш слушајте што таа има да ви каже и активно учествувајте во конверзацијата. Без оглед на тоа каде се наоѓате, потрудете се да се почувствува како да е единствената во вашето опкружување и бидете сигурни дека ќе „полуди“ по вас.

Водете грижа за сопствениот изглед
Како што мажите сакаат да гледаат негувата и средена жена, исто така и дамите сакаат да видат маж кој води грижа за својот изглед. Кога сакате да ја импресионирате некоја дама на „прв поглед“, изгледот ќе биде клучниот фактор. Поради тоа водете грижа како се облекувате и изгледате, за да ги зголемите своите шанси. Не морате да носите одело нон стоп, но пожелно е тренерките да ги оставите за „по дома“.

Бидете упорни
Но не и досадни, особено ако јасно ви даде до знаење дека не сака ништо да има со вас. Сепак, жените сакаат да си играат заведување исто како и мажите, па затоа се оддалечуваат од вас со цел да видат дали сте подготвени да се борите за неа. Поради тоа, дури и ако ви се чини незаинтересирана, продолжете со додворувањето, на крајо ќе се исплати, баш затоа што секоја жена покрај себе сака маж кој без оглед на ситуацијата ќе и поклонува внимание.

Покажете самодоверба
Доколку сакате да освоите жена, а особено доколку таа е свесна за своите квалитети, морате да покажете дека верувате во себе и во своите способности. На ниедна жена не и е привлечен маж кој таа мора да го „влечи“ низ животот. Жените ите како можат да бидат успешни, но на крајот од денот најдобро е кога покрај себе имаат маж кој ќе им го „чува грбот“.

Внимание и само внимание
Не морате да купувате скапи подароци, нити нешто екстравагантно. Една порака за добро утро, отворање на вратата, ситници кои на жената ќе и го разубават денот. Од друга страна, тука се и убавите манири, а со нив не можете да погрешите. Сите жени сакаат културни и паметни мажи. Ако жената покрај вас се почувствува сакана и пожелна дури и кога не е премногу дотерана, бидете сигурни дека сте го освоиле нејзиното срце.

Прегледи:
511
Објавено на:
18.06.2020