Плетенките се омилената фризура на поголемиот дел од жените особено во топлите денови. Без разлика колку е долга вашата коса, каков облик на лице имате или кој е вашиот стил, тие одговараат на секого.
Можете да ги носите и да ги прилагодите за секоја пригода. Идеални се за вечерните излегувања или дневните прошетки, а може да се прилагодат и за посериозни моменти како деловни состаноци. Со плетенките не ви се потребни дополнителни украси за коса бидејќи се доволен украс за косата.
Плетенките како тренд веќе неколку сезони доминираат меѓу популарните фризури, особено кога станува збор за свечените пригоди.
Кога зборуваме за плетенките, студиото за убавина La Sensa ви овозможува да уживате во најразлични видови на плетенки прилагодени според вашата коса. Светските трендови отсега се поблиску до вас. Погледнете дел од совршените фризури направени во La Sensa и закажете го вашиот термин.
Негувана, уредна и совршена фризура – затоа што студиото за убавина La Sensa знае што е најдобро за вас!