Ако сакате тиквички, оваа комбинација за ручек сигурно ќе стане едно од вашите омилени јадења. Се подготвува само од 3 намирници.
Тиквичките се најповолната и омилена здрава намирница за почетокот на летото.
Содржат витамини А и Ц и фолна киселина, а нивната ниска калорична вредност совршено се вклопува во секој вид исхрана.
Секој искусен кувар ќе ви каже дека е важно да ги процедите тиквичките пред подготовка за да не пуштат премногу вода на силна температура. Исецкајте ги тиквичките на коци, посолете ги и ставете ги во лонец со дупки, цедалка, а под него ставате сад. Оставете ги да отстојат час време па потоа подгответе ги.
Рецепт за брз вегански ручек со тиквички:
Состојки:
- 2 тиквички
- 300 гр шампињони
- 2 црн лук
- Зачини (бибер, сол, босилек и останати зачини по желба)
Начин на подготовка:
Исецкајте ги тиквичките на коцки и ставете ги да се процедат. Исецкајте го црниот лук и испржете го на масло. Исецкајте ги шампињоните и тиквичките па додадете го и лукот. Зачинете по желба, отстранете ја тавата од огнот и послужете со сезонска салата.