Славната убавица поттикнува да се гордееме со својот природен изглед и да бидеме самоуверени и без шминка
Во својата шеста деценија Салма Хаек и понатаму важи за една од најсексапилните жени на денешницата.
Славната холивудска актерка со мексичко потекло секоја своја година ја носи со стил. Иако на црвениот тепих е секогаш максимално средена, убавата Салма на друштвените мрежи многу често споделува фотографии без шминка, во опуштено издание.
Таа неодамна сподели фотографија поттикнувајќи ги своите фанови да не се плашат од својот природен изглед на која беше прикажана со свежо исфарбана и исфенирана коса и шминка, и во потполно природно издание.
Актерката во многу наврати отворено признава дека најдраги и се деновите кога воопшто не носи шминка затоа што така се чувствува најсвежо.
Меѓутоа неодамна призна дека во минатото имала доста проблеми со својата самодоверба и не знаела како да се сака себеси.
„Кога ќе се погледнам себеси во своите триесетти или четириесетти, се гледам како преубава жена но во тие години не го мислев тоа. Бев премногу самокритична“, признава Салма.