Нешта кои треба да ги знаете и применувате кога сте во потрага по љубовен партнер
Совет бр.1 – Смејте се
Луѓето се зависни од смеата. Среќниот став и шегите ќе ви помогнат да освоите нечие срце многу побрзо од некој висок и згоден маж или плавуша со големи гради.
Насмевката покажува дека не сте опасни а сигнализира добро здравје. Тоа секако не е 100% вистина но оставате таков впечаток со насмевката.
Совет бр.2 – Бидете самоуверени
Стојте и седете исправени. Тоа покажува дека сте силни, во физичка форма и здрави. Исто така ќе изгледате повисоко.
Совет бр.3 – Бидете уредни
Не би сакале да генерализираме и да кажеме дека сите жени сакаат избричено лице а мажите чист тен, но ако сакате да играте на сигурно тогаш избричете се затоа што така ви се најголеми шансите дека ќе и се допаднете. Девојките би требло да користат соодветен коректор за да прекријат одредени недостатоци. Водете грижа за вашата хигиена и секогаш бидете уредни, мирисајте убаво и носете чиста облека.
Совет бр.4 – Глас
Нити мажите нити жените не сакаат пискав глав. Таквите тонови звучат незрело и недораснато.
Совет бр.5 – Бидете опуштени
Покажете толеранција и бидете опуштени.
Совет бр.6 – Позитивен став
После поминато одредено време со статус Сингл можно е да помислите дека сте неспособни за врска или дека не ја заслужувате истата. Тоа не е вистина. Немојте да одите наоколу со таков став, никому среќата не му побегнала па знајте дека и вие ќе ја пронајдете својата.
Совет бр.7 – Бидете мистериозни
Тоа остава простор другата страна да се заинтересира и да го открие она кое не го знае за вас, одредена доза на мистика создава привлечност. Но не треба да бидете нити премногу таинствени, но не треба да кажете нити се за себеси. Оставете простор за фантазија.