Но најважното од се е тоа што ќе научиш дека доколку би вратил се од почеток и доколку би избрал поинаку, ништо од ова нема никогаш да го научиш.
Твоето минато е твојот најдобар учител. Не само што те учи на тоа кому да му веруваш а кому не, те учи и на многу поважни лекции. Те учи за важноста да знаеш дека секогаш треба бидеш реален спрема себеси, да ја цениш искреноста кон себе, да научиш повеќе за своите стравови и маани, за своите непостојаности, нешта кои те прават да се чувствуваш слабо.
Откриваш дека не постои совршен човек и сите прават грешки. Можеби ќе ги повредиш другите, и тие ќе те повредат тебе. Ќе кажеш нешта кои не ги мислиш и ќе плачеш за погрешните избори.
Ќе го вкусиш хаосот и ќе сакаш да можеш да го вратиш времето за да го промениш сето тоа.
Но најважното од се е тоа што ќе научиш дека доколку би вратил се од почеток и доколку би избрал поинаку, ништо од ова нема никогаш да го научиш.
Помирисе со своето минато и остави го онаму каде што припаѓа, тоа те прави личноста која што си денес.