Категории

(ФОТО) Војвотката Кејт не се дели од најшарматниот тренд за оваа сезона

Уште еден моден погодок на Кејт Мидлтон – Војвотката повторно во фустан со туфни кој е најпопуларниот тренд за ова лето

Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон беше дел од едукативната иницијатива во организација на BBC на која главна тема беше развивањето на јазикот на детето од бременоста на мајката, до возраста од четири години.

За овој настан кралската припадничка избра стајлинг кој е помеѓу најактуелните трендови за оваа сезона. Таа носеше кошула-фустан со туфни во црно-бела варијанта. И претходно имавме можност да ја видиме војвотката во сличен фустан што докажува дека дефинитивно овој тренд и понатаму ќе престојува на модниот трон.

Како главен детал на комбинацијата додаден ремен кој ја истакна нејзината фигура а целокупниот изглед го заокружи со беж епадрили кои се нејзините омилени обувки ова лето и во кои имавме прилика да ја видиме неколку пати.

Прегледи:
506
Објавено на:
18.07.2020