Категории

“Фотосинтеза”, две книги склопени во една

Додека вие го читате овој роман, главниот лик исто така ужива во книга која му краде моменти од сегашноста и го наврќа во минатото.

Фотонсинтеза е вториот роман на Игор Анѓелков. Автор кој активно е присутен во периодиката со низа критички осврти и рецензии од областа на книжевноста, музиката и филмот, а долго време беше дел и од екипите на скопските радија “Канал 103” и “Равел”. Веќе десет години е уредник на популарната едиција “ПРОаЗА” во издавачката куќа “Или-Или”, а исто толку години е автор и уредник на филмскиот магазин “Филмополис” на ТВ Телма.

Ова негово дело отсликува една соврмена приказна испреплеткана со проблемите и предизвиците на 21-от век. Од притисокот за успех, до комплетно менување на секојдневието со цел повторно враќање во живот, глевниот лик Панк не е ништо поразличен од сите нас. Фотограф, кој преживувајќи преку својата пасија кон уметноста се впушта во најразлични авантури се додека не го промени своето темпо на живот и си дозволи да се оддалечи од сè што го ограничува.

Но, она што навистина го прави ова дело посебно и автентично е самиот концепт. Додека ние се запознаваме со Панк, тој паралелно се запознава со Адолф главниот лик на книгата која што започнува да ја чита, а ние уживаме во нејзната приказна заедно со Панк. Всушност го добиваш чуството како на читаш две книги истовремено, две сосема различни приказни кои имаат голем број на сличности.

Доколку сте во потрага по едно поралично книжевно искуство, дозволете си да се изгубите низ страниците на овој роман се додека не се разбудите и решите да направите промена. 

Прегледи:
1014
Објавено на:
22.07.2020