Колку жените се попаметни, длабокоумни, толку потешко им е да пронајдат сродна душа. Можат постојано да одат на дејтови, но во некој момент ќе сфатат дека врската не напредува. Но, не секој маж може да биде доволно силен за да застане рамо до рамо со паметна жена.
Раниа Наим, авторката на страницата “Thought Catalog” објавува читани текстови околу проблемите и феномените со кои се среќава во секојдневниот живот.
Таа ги наведува причините поради кои мажите не можат да излезат на крај со паметна жена.
Паметната жена поставува паметни прашања
Паметната жена сака да разбере што се случува во вашиот живот и зошто се случува тоа што се случува па секако дека ќе поставува прашања на кои можеби нема да имате одговор. Дури и на првиот состанок таа ќе се обидува да дознае повеќе за вашиот живот и ќе поставува лични и филозофски прашања – и нема да ужива во плитките разговори.
Паметната жена е искрена
Можеби и премногу искрена. Таа сериозно го сфаќа својот интегритет. Ако ја прашате било што, ќе ви ја каже вистината и го очекува истото од вас.
Паметната жена знае што сака
Или подобро кажано – кого го сака. Таа веднаш ќе знае дали и се допаѓате и не мора да истражува и да излегува со вас сто пати за да биде сигурна во своите чувства. Нејзиното срце чука за неколку посебни пријатели кои ги избрала внимателно.
Паметната жена сака сериозна врска
Таа сака долги разговори за вашиот живот, сака да ги слушне приказните од вашето минато, сака да ја разбере вашата болка и да му даде вредност на вашиот живот. Таа сака реален однос кој е повеќе од само излегувања и забава.
Паметната жена не се плаши од интимност
Таа не се плаши од зближување или од тоа да биде повредена ако премногу се отвори. Не мисли дека со тоа ја жртвува својата слобода или станува ранлива. Нејзината длабочина и интима одат заедно и секогаш ќе ја ценат убавината на интимноста во врската.
Паметната жена гледа низ вас
Може да види кои сте вие вистински и што ве прави ранливи. Таа никогаш нема да го злоупотреби тоа, туку само сака да знаете дека ве разбира и дека не морате да се преправате кога сте со неа.
Паметната жена сака доследност
Превртливото однесување ја дразни. Сака силна и цврста врска и знае дека зборовите мораат да ги следат делата и обратно а тоа е основа на секоја врска. Паметната жена нема да игра „игри“.
Паметната жена е интензивна
Можеби делува помалу застрашувачки затоа што внесува страст и енергија во се што прави. Нејзините чувства се интензивни како и нејзините мисли. Никогаш нема да биде рамнодушна спрема нештата кои и се важни.
Паметната жена знае како да сака
Ако не можете да ја сакате, таа ќе замине. Таа едноставно не умее да се гледа повремено со некој кој и се допаѓа и не знае да биде пријателка со некој спрема кого не е рамнодушна.
Паметната жена нема да ве чека
Нема да ве чека да одлучите додека се двоумите. Таа е силна и страствена и нема да ги троши своите чувства на некој кој не ја цени нејзината длабочина. Иако трага за посебен вид на љубов, паметната жена не се плаши да биде сама.