Категории

Најубавите летни makeup изгледи – Прозрачна кожа, истакнати јаболкници и нежни усни

Ова лето е во знакот на нежните усни во розови нијанси, кожата која изгледа блескаво и свежо и минимална шминка на очите

Доколку во текот на зимскиот период преферираме да носиме темни нијанси на кармини, малку појака шминка на очите, и истакнати контури, летото е сосема спротивно. Ова лето е во знакот на блескавата кожа која изгледа здраво и природно без употреба на мат и премногу покривни пудри. Акцентот се става на јаболкнците така што користиме руменило во крем текстура кој дава благо исончан изглед и сјајни усни во нијанси на нивната природна боја.