Категории

Грешки кои ги правите при миењето на косата кои веднаш морате да ги поправите

Секој од нас несвесно прави грешки при миењето на косата кои доведуваат до тоа таа да изгледа безживотна, кршлива и без сјај а влакното да е чувствително и тенко.

За да и го вратите сјајот и здравиот изглед на вашата коса, потребно е да ги избегнувате овие нешта во вашата рутина на миењето на косата.

Премногу врела вода
Врелата вода може да биде вистинска релаксација за телото но не и за косата.
Таа може да делува на тој начин што ги оштетува кутикулите – надворешниот слој на влакното и притоа косата ги губи кератинските протеини и молекулната боја. Најдобро е косата да се мие со млака вода.

Грешки при чешлањето
Речиси секоја жена ја прави оваа грешка после миењето на косата а тоа е енергичното и грубо чешлање на влажната коса. Таа треба да се чешла нежно и тоа со четка специјално наменета за влажна коса. Додека е влажно влакното е особено кревко и склоно кон тегнење и пукање.

Силно масирање на скалпот
Шампонот може да го отстрани вишокот маснотии и нечистотии од скалпот кој се насобрал но често погрешно се мисли дека со силно триење на коренот полесно може да се отстрани нечистотијата. Но тоа не е така.
Премногу грубото триење на скалпот може да го оштети надворешниот слој на кожата а тоа да предизвика неправилна работа на лојните жлезди, јадеж на коренот на главата и опаѓање на косата. Затоа при масажата бидете нежни и наместо кружни движења правете вертикални со цел да избегнете создавање на чворови во косата.

Неправилен избор на производи и нивно нанесување
Употребанта на производите на погрешен начин може да има спротивно влијание од посакуваното.
Шампонот е наменет за отстранување на нечистотијата затоа се нанесува од коренот спрема должината. Балзамот е наменет за задржување на влагата па се нанесува од средината на косата па до врвовите.

Премногу производ во големи количини
Поради поголемата количина на шампон косата нема да стане почиста. Може само да се создаде насобирање на производот во коренот. За кратка и тенка коса се користи една рака шампон и една кафена лажица балзам.
За долга и густа коса се користи количина на шампон колку што е дебелината на косата собрана во реп и балзам приближна големина на еден орев.

Прегледи:
600
Објавено на:
10.08.2020