Верувај, нештата ќе станат подобри.
Можеби сега не го гледаш тоа и не веруваш во него. Но знај дека универзумот ги подредува нештата за тебе, токму во овој миг. Секоја пропуштена можност, секоја загуба, секое болно случување било предодредено за да стигнеш до местото каде што припаѓаш.
Нештата ќе бидат лоши пред да станат подобри, пред се да почне да се менува и да доаѓа на свое место.
Ништо не останува исто засекогаш. Твоето скршено срце ќе заздрави и ќе пронајдеш љубов повторно.
Празнината во тебе ќе биде пополнета и ќе заборавиш на се кога твојот живот повторно ќе биде исполнет со смеа, страст и причина и околу тебе ќе има луѓе кои ќе сакаат да те гледаат како зрачиш наместо да те туркаат подлабоко во темнината.
Ти имаш сила да го претвориш хаосот во нешто убаво. Само понекогаш е потребно се да тргне на полошо за да стане подобро. Потребно е некои нешта да се распаднат за да дојдат на своето место.
Еден ден кога ќе ја видиш комплетната слика ќе сфатиш зошто тоа морало да биде така, и тогаш ќе бидеш среќен и ќе бидеш спокоен и благодарен што се се случило на тој начин.