Поради огромната заинтересираност и посетеност на претходните две проекции, на 09.08.2020 година(недела) со почеток од 19.30 часот на друга и многу поголема локација – паркингот на фабриката Smelt-Ing, организаторите на овој настан Ве повикуваат да бидете дел од еден од најспектакуларните настани ова лето во нашата држава – Drive in Cinema (Кино со автомобили) со проекција на летниот мега хит The Beach Bum со Matthew McConaughey, Snoop Dogg, Martin Lawrence и многу други во главните улоги. За ваше целосно доживување додека сте во автомобилот ќе ве забавуваат DJ Shorty P и DJ Popeye.
За да не слушате од другите каков настан сте пропуштиле – бидете вие дел од овој спектакл кој ќе биде на едно повисоко ниво од се што сте доживеале до сега. Резервирајте на тел 078/256-516 и 078/430-356. Не дозволувајте другите да ви раскажуваат. Бидете сведоци на нешто што никогаш не се заборава!
Линк од настанот на Facebook тука