Категории

Продолжи да се бориш – Откажувањето никогаш не смее да ти падне на памет

Само продолжи да се бориш. Знај дека не си единствен во ова, не си сам. Ова е твојата подготовка за издигнувањето. 

Само продолжи да се бориш. Знај дека не си единствен во ова, не си сам. Ова е твојата подготовка за издигнувањето.
Се што посакуваш, сонуваш и копнееж е подготвено за тебе и те чека. Без оглед на тоа дали веруваш во Бог или некоја виша сила, знај дека ќе успееш да ја преминеш секоја препрека во животот – можеби ќе биде тешко, и можеби ќе паднеш неколку пати. Но кога ќе станеш ќе бидеш уште поцврст и посилен.

Дури и ако се двоумиш и ако се сомневаш во себе, немој да се откажуваш, немој никогаш нити да помислуваш на тоа.
Животот донесува сешто, донесува лоши денови, мигови кои ќе те стават пред искушение. Ког аќе плашеш и ќе посакаш да се сокриеш, да побегнеш.

Знај дека тогаш зборува твојот страв, немој да му поверуваш. Ти си посилен од него и од своите мисли, можеш да ги контролираш и немој да дозволиш да те разнишаат.
Неколку падови не можат да значат неуспех, неуспехот е тогаш кога засекогаш ќе ги кренеш рацете и ќе се отпуштиш.

Понекогаш ќе посакаш да одмориш и тоа е во ред. Само немој да престанеш да веруваш дека успехот те чека и после сите битки и страдања.
Запомни, никој и ништо не може да го одземе успехот од тебе – освен самиот ти.

Прегледи:
529
Објавено на:
08.08.2020