Категории

Нов прирачник со фотографии од најинтересните инсекти на светот

Инсектите претставуваат 80% од животинскиот свет. Тие се најбројните животни на земјата, но сепак, за нив скоро ништо не знаат просечните луѓе. Се чини дека инсектите или се обожавани или се омразени. Ги обожаваат научниците, а ги мрази остатокот од светот! Музејот Смитсониан реши да ги одбележи најфасцинантните инсекти во својот Прирачник на интересни инсекти.

Секој инсект бил селектиран од 34-те милиони вида лоцирани во Природно-научниот музеј во Лондон. Околу 100 различни инсекти биле одбрани да добијат целосен фотографски приказ со кус опис. Книгата е дело на повеќе ентомолози кои безуморно работеле да прикажат различен спектар на инсекти.

„Се надеваме дека со тоа што ќе привлечеме внимание кон некои од поинтересните инсекти, луѓето ќе почнат повеќе да ја ценат експлозијата на бои и форми на микро скала“ – изјавил Гавин Брод, главниот ентомолог во Природно-научниот музеј во Лондон.

Селекцијата ја вклучува Клаудинската пеперуга, која има фасцинантни црвени предни крила, и шарени задни крила кои испуштаа феромони кои се неопходни за парење. Зелениот млечен скакулец, пак, има виножитести скришни крилја кои ги покажува само при одбрана од предатори.

Подоле има неколку од фотографиите од прирачникот, со нивниот латински назив.

Agrias claudina

Членови на фамилијата Buspretidae

Metcalfa pruinosa

Phymateus viridipes

Trigonopterus oblongus

Прегледи:
722
Објавено на:
13.08.2020