Скопје, 14 август 2020г. – А1 Македонија ги известува своите корисници дека како резултат на новонастанатата состојба со Еуростандард банка, нема да можат да ги вршат уплатите за своите сметки преку експозитурите на банката и поштенските единици на Македонска пошта која ја извршуваше оваа услуга во име на банката. Сметките за услугите на А1 Македонија можат да бидат уплатени онлајн, преку веб страницата на А1 Македонија, преку апликацијата Мојот А1, во секој продажен салон од мрежата на А1 Македонија и во експозитурите на останатите банки.