Категории

5 причини зошто треба да почнете да користите тоник за лице

Дали воопшто сте се прашале за што служи тоникот и зошто би требало да го додадете во вашата рутина? овој наизглед бескорисен и често потценет производ, може да ви ја спаси кожата.

Голем дел од жените кога ќе го слушнат зборот тоник не помислуваат на нешто револуционерно, нити е тип на производ кој прво ќе го дофатат во дрогерија. Но, тониците постојат доста долго а со експанзијата на азискиот принцип на нега на кожата, тониците станаа доста популарни.

Факт е дека тоникот може да направи многу повеќе за вашата кожа отколку кремата за лице која ја користите. Но за што всушност користи тоникот?

За што се користи тоник?
Тоникот претставува чекор во негата на кожата после чистењето на лицето а се нанесува пред серумот или кремата. Тој и пружи на коажта прв слој на хидратација и служи како подготовка на кожата за препаратите кои следат после. Често може да се случи после измивањето да се појави чувство на затегнување, без оглед на тоа дали користите гел, пена или млеко за чистење кое е најнежно сретство од наведените. Тоа затегнување може да се случи од повеќе причини: поради агресивните состојки во отстранувачот, доколку имате изразено сува кожа или поради тврдата вода, односно водниот камен кој во нашата вода го има повеќе отколку што треба.

5 причини зошто морате да го вклучите тоникот во вашата секојдневна нега:

1.Го враќа природното pH ниво на кожата на оптимална вредност и на тој начин го отстранува чувството на затегање.

2.Ги отстранува сите остатоци од шминката и водниот камен од површината на кожата.

3.Озбебедува хидрираност на кожата и со тоа ја подготвува за наредниот чекор од негата.

4.Во зависност од намената и активните состојки, тоникот може да помогне кај чистењето на порите, ексфолијациајта на лицето и ублажувањето на црвенилото и слично.

5.Тоникот е најблаго сретство за нега па е одличен за самостојно користење, со цел коажта да одмори од препаратите и да им дозволи на порите да дишат.

Како се нанесува?
Откако ќе го исчистите лицето со сретство во вид на гел, земете туфер и ставете малку тоник. течноста не треба да се цеди туку памукот да биде средно натопен. Поминете со него преку лицето и вратот со нежни движења без триење.

Прегледи:
828
Објавено на:
19.08.2020